Breaking News

Левица: Министрите избегаа од дебатата за породилно отсуство на земјоделките


Минатата недела беше одржана јавна расправа по предлог – Законот за платено породилно отсуство за жените земјоделки, поднесен од пратениците Димитар Апасиев и Борислав Крмов, чија цел е да се отстрани неправедната дискриминација кон жените-земјоделки.


Не само што Владата на СДС и ДУИ 10 месеци го чува овој закон во фиока – туку и министерот за здравство Меџити, министерката за труд и социјала Тренчевска и министерот за земјоделие Николовски крајно дрско и арогантно избегаа од дебата! .


Извор: МИА