Левица: Апасиев до ОЈО – Скопје поднесе нова кривична пријава против претседателот на Собранието Талат Џафери


„Пратеникот и претседател на Левица – проф. д-р Димитар Апасиев, во текот на денешниот ден, до Основното јавно обвинителство – Скопје, поднесе нова кривична пријава, осма по ред, против претседателот на Собранието на Република Македонија – Талат Џафери, заради основано сомневање дека сторил кривично дело „Повреда на рамноправноста на граѓаните“ – казниво по чл. 137 од Кривичниот законик, со запретена затворска казна од шест месеци до пет години“, велат од Левица.


„Пријавениот Џафери се терети дека со тенденциозното чување во фиока и непроцесуирањето на Предлогот за поведување граѓанска постапка на државно ниво за распишување задолжителен дополнителен референдум (2022) за заклучоците од т.н. Француски предлог, грубо ја повредил еднаквоста пред Уставот и законите на овластениот предлагач, и ги пречекорил своите овластувања – ставајќи се себеси во улога на собранискиот пленум, кој единствено (на седница) има надлежност да оценува дали една иницијатива е уредна или не!


Извор: МИА