Breaking News

Летонските безбедносни служби започнаа истрага против европратеник за наводни врски со Русија


Летонските безбедносни служби започнаа истрага против членката на Европскиот парламент, Татјана Жданока, поради, како што објавија локалните медиуми, можни контакти со руската тајна служба ФСБ, јави ДПА.


Во телевизиската програма, која се емитуваше вчеравечер, Жданока потврди дека разговарала со летонските безбедносни служби, но рече дека ветила дека деталите од дискусијата ќе бидат доверливи.


Жданока, кој е член на Европскиот парламент од 2004 година и во моментов не е член на ниту една пратеничка групација, ги негираше наводите за контакти со ФСБ.

Друг водечки член на нејзината партија, Рускиот сојуз на Латвија, исто така беше испрашуван од властите.


Во извештајот се тврди дека Жданока била ангажирана од руската тајна служба да промовира про-Кремљ расположение во балтичките земји.

Рацете на властите се делумно врзани во истрагата бидејќи најголемиот дел од објавените преписки датираат од пред 2016 година, забележува ДПА. Европскиот парламент покрена истрага за Жданока.


Во резолуцијата усвоена во четвртокот, пратениците на ЕУ ја изразија својата „целосна огорченост и длабока загриженост за тековните напори на Русија да ја поткопа демократијата во ЕУ“.

мс/фото: МИА архива .


Извор: МИА