Breaking News

Лефков: ВМРО-ДПМНЕ никогаш не било покохезивно и посплотено како сега


Миле Лефков запрашан за интервјуто на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна – „Тоа е интервјуто кое што излезе денеска и е објавено денеска, самото е доволно објаснувачко и произлегува од сите актуелни случувања кои што ја брануваат јавноста.


И вие сите го видовте, и само што го споменав и интервјуто на нивниот коалиционен партнер Али Ахмети за ТВ21, во кое што промената на Кривичниот законик беше проследена со политички ставови.


Меѓутоа имаме и други сознанија, други сознанија излегоа за средба кај Стево Пендаровски, практично на државниот врв, каде што со Стево Пендаровски се сретнале Ковачевски, Бујар Османи, Груби и други високи претставници на власта каде што се договарале вакви измени на Кривичниот законик.

Останува она симптоматично она како ќе го објаснат тоа во Собрание ни стаса и беше претставено на јавноста како усогласување со европската регулатива“. .


Извор: МИА