Breaking News

Кузеска: ДПМНЕ влезе во Влада со ДУИ

Откако ВМРО-ДПМНЕ со месеци го обвинуваше СДСМ дека е „кираџија во владата на ДУИ“, СДСМ денес возврати со иста мерка – ги обвини ВМРО-ДПМНЕ дека влегле во Влада со ДУИ, иако тврдеа дека нема да го направат тоа.  Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ, денес порача дека паднале во вода сите изјави на лидерот Христијан Мицкоски, сите драматизирања и сите лажни обвинувања.

-Целата јавност добро се сеќава на изјавата на Мицкоски од лидерската средба. Прифаќаше се’ под единствен услов: ДУИ да не биде дел од Владата. Еве денеска, ДПМНЕ седна во Влада со ДУИ. Мицкоски излажа.

Министрите на ДПМНЕ денеска не знаеа што да прават, дел присуствуваа на конститутивната седница на техничката Влада, дел побегнаа. Но, како и да е, одлуките на конститутивната седница поминаа едногласно.Суштината секако не е во тоа дали министрите од ДПМНЕ му се поклонија на Талат Џафери туку зошто беа сите лаги и лажно креирани драми во општеството.Нека излезе сега пишман аџијата Мицкоски и нека им објасни на граѓаните, но и на неговите членови:Зошто ја проблематизираше техничката влада кога на крај влезе во Влада со ДУИ? Чуму ги бојкотираа своите кандидати за министри во македонското Собрание и не гласаа за техничката Влада? Кому му служат овие незрели и политички уникатни чекори што ги нема на ниту едно место во светот, праша Кузевска.
Извор: МИА