Breaking News

Курти: Косово во политичките и деловните вредности е во согласност со САД и Британија


Косовскиот премиер Албин Курти денеска во Лондон изјави дека Косово е посветено на редот, законот и борбата против корупцијата – во согласност со вредностите на САД и Велика Британија.


На инвестицискиот самит на западнобалканската шесторка, што се одржува во рамки на Самитот во Лондон, Курти рече дека „Косово по политичките и деловните вредности е во согласност со САД и Велика Британија, особено по руската агресија во Украина“.


Тој го спомена напредокот во економскиот развој и институционалната стабилност, што, според него, помогнало во борбата против безбедносните ризици.

„Косово го предводи Западен Балкан во однос на проектите 2024-2025 година, исто така имаме и напредок во законот и редот и напредок во политичките и граѓанските права и изборната демократија.


Ова го позиционира Косово во поволна ситуација на глобалната мапа. Имаме работна сила. просечната возраст на косовските граѓани е 31 година“, рече тој.

Тој додаде дека Косово има отворена пазарна економија која создава добра деловна средина. рп/Фото: МИА архива .


Извор: МИА