Breaking News

КСЗД на отворена средба во Шуто Оризари


Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) денеска во Шуто Оризари ќе одржи отворена средба со граѓаните, претставниците на граѓанскиот сектор и на локалните институции.


 Како што информираат од КСЗД, средбата ќе се одржи во салата на Советот на Општина Шуто Оризари.


На средбите кои се реализираат со поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, присутните граѓани ќе имаат можност преку директна комуникација со членови и вработени во Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, да се запознаат со надлежностите и начинот на работа на ова независно институционално тело задолжено за промоција на еднаквоста, унапредување на човековите права и спречување и заштита од секаков вид дискриминација.

Истовремено, овие средби нудат дополнителна можност за продлабочување на соработката со граѓанскиот сектор и институциите на локално ниво, заради навремено препознавање на сите облици на дискриминација, како и унапредување на меѓусебната комуникација и соработка, со цел за нејзино ефикасно сузбивање.


Покрај заштитната улога и постапување по претставки од граѓаните, како и по службена должност, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација има и превентивна улога, која ја спроведува преку едукација и соработка со граѓански организации, државни институции и институции на локално ниво.

 Од КСЗД велат дека покрај претстојнате отворена средба во Шуто Оризари, во текот на следниот месец планирано е одржување на уште два вакви настани. ар/аа/ФОТО/ МИА архива    .


Извор: МИА