Breaking News

КСС: Со европско знаменце во Собранието се шверцуваат противуставни закони


Почитувани граѓани, пратеници во Собранието на Р.Македонија, претставници на ЕУ во Македонија, жал ни е што мораме вака да реагираме на предлог Законот за административни службеници, во фаза кога е влезен во собраниска процедура во скратена постапка, но не ни преостанува ништо друго освен ваква реакција до Вас, како народни пратеници во македонското Собрание, но и целокупната јавност.


Нов ден, нов скандал. Владејачкото мнозинство си продолжува по старо или како што би рекле тие, „како и до сега“. Повторно се туркаат насила и набрзина закони во Собранието со европско знаменце, по скратена постапка, закони со кои повторно се врши упад и се прави обид за финална партизација на администрацијата, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.


„Имено, во секој момент треба да започне Комисијата за европски прашања каде што на дневен ред се закони кои оваа власт и владејачко мнозинство сака да ги протне набрзина, без широка и јавна дебата и дискусија, притоа вршејќи груба злоупотреба на европско знаменце иако навистина нема никаква потреба за истото. Пред малку, токму за оваа злоупотреба и нетранспарентност на власта, преку свои соопштенија и писма реагираа и најголемите синдикати во државата, ССМ, УПОЗ и КСС каде јасно го искажаа својот револт и незадоволство преку конкретни забелешки, но и упатија барање за итно стопирање на целата постапка и одржување на јавна расправа за овие закони. Ова е огромна реформа, ова се важни и крупни закони кои не може и не смее да се носат на овој начин, вака набрзина и нетранспарентно особено во мандат на техничка Влада. Токму затоа, Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, како најголема и најбројна пратеничка група во Собранието, јавно упатува поддршка на синдикатите и се приклучува на нивните барања за итно запирање на целата постапка на носење на овие важни закони“, вели Стојаноски.

Извор: МИА