Breaking News

Кривичниот суд го заврши третиот проект за анонимизирање судски пресуди


Основниот кривичен суд Скопје информира дека во соработка со Коалиција „Сите за правично судење“ го заврши третиот по ред проект за анонимизирање судски пресуди на Судот.


– Проектот за ангажирање 5 надворешни практиканти – анонимизирачи, кои од мај годинава ги анонимизираа правосилните и неправосилните пресуди на судот кои се од јавен интерес, заврши со над 3000 анонимизирани пресуди објавени на порталот sud.


mk – одлуки на судови, а со цел збогатување на судската пракса и поголема достапност на судските одлуки за јавноста.

Меѓу анонимизираните пресуди е и правосилната одлука за случувањата на 27 – април во Собранието на РСМ, се вели во денешното соопштение од Основниот кривичен суд.


 Проектот беше спроведен трета година по ред, а е финансиран од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, со што покрај анонимизирање на пресуди, судот на пет нови млади правници им овозможи практична работа во судот во склоп на заложбите на судот за поголема отвореност кон студентите по право и соработка со Невладиниот сектор и Меѓународните организации во земјата.

сст/са/фото МИА архива  .


Извор: МИА