Кривична пријава за двајца тетовци за измама


СВР Тетово поднесе кривична пријава против И. С. (68) од тетовското село Нераште и Е. А. Н. (39) од тетовско Слатино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.


Како што информира МВР, И. С. запознал едно лице со Е. А. Н, која лажно му се претставила. – Откако го довела во заблуда дека ќе се венчаат, тој во повеќе наврати ѝ дал 6.


300 евра и накит, се наведува во денешниот МВР-билтен. мд/ев/Фото: МИА архива  .

Извор: МИА