Breaking News

Крива Паланка по третпат град-домаќин на француските авантуристи „Еуроп Раид“


– Општина Крива Паланка повторно ќе биде град – домаќин на авантуристите на тркала од Франција кои со „Пежо 205“ автомобили и годинава, во рамки на 8-то издание на „Еуроп Раид“, тргнаа во обиколка со автомобили низ 20 земји во Европа на 29 јули и сè до 19 август 2023 година ќе патуваат.


На 10 август, четврток, 700 – тина Французи од караванот на „Еurop Raid 2023“ ќе ја посетат Крива Паланка на патот во духот на меѓународната солидарност на кој носат училишна и спортска опрема што ја донираат на училишта од Балканот од: Босна и Херцеговина, Бугарија, Албанија и Северна Македонија.


– Крива Паланка ќе ја угости организацијата млади авантуристи и ќе бидат организирани повеќе активности, перформанс во училишниот двор на ООУ „Св.

Јоаким Крчовски“ со франкофонски музички хепенинг и културно-уметничка програма на градскиот стадион, на мултифункционалното игралиште истата вечер.


Организацијата „Еуроп Раид“ во соработка со Амбасадата на Франција ја одбраа Крива Паланка за македонски град-домаќин поради добро познатите активности во областа на франкофонијата.

На настанот ќе присуствува делегација од Амбасадата на Франција, од Францускиот институт, Скопје и повеќе франкофонски здруженија и организации, информира професорката по француски јазик од ООУ „Св.


Јоаким Крчовски“, благодарение на чиишто заложби низ годините оваа организација доаѓа во Крива ПаланкаПоминувајќи 8.

000 километри за 22 дена, секоја екипа има мисија „Еуроп раид“ да обезбеди 70 килограми училишна или спортска опрема: училишни ранци, прибор, тетратки, топки, друштвени игри, сликовници и книги на француски јазик, спортска облека, обувки, наменети за младите франкофони со цел да ги поттикнат и мотивираат да го изучуваат францускиот јазик.


ид/ир  .

Извор: МИА