Breaking News

Ковачевски: СДСМ е отворена за сите нејзини членови, секој може да даде придонес


Партијата е отворена за сите членови на СДСМ и секој согласно со искуството што го има може да придонесе кон обезбедување на она што е остварување на целите на СДСМ, а тоа е продолжување на евроинтеграцискиот пат на државата, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, коментирајќи го присуството на поранешниот премиер Зоран Заев на координативниот состанок на стратешкиот тим на партијата.


-На масата имаше двајца премиери, еден бивши, еден сегашен и еден технички премиер, бивши генерални секретари на партијата, бивши потпретседатели на партијата.


Уште од првиот ден на мојот мандат како претседател на партијата кажав дека партијата е отворена за сите членови на СДСМ и дека секој согласно со искуството што го има може да придонесе кон обезбедување на она што е остварување на целите на СДСМ изразени преку политиките што ги водиме во државата, а тука пред се мислам на едно широко обединување во државата со цел продолжување на евроинтеграцискиот пат на државата, рече Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на градинката „13 Ноември“.

Состанокот го оцени како продуктивен и конструктивен на кој биле споделени искуства врз чија основа може да се извлечат голем број заклучоци што ќе можат да бидат применети како во партиското работење, така и во носењето на одредени одлуки што на парламентарно ниво.


– Таквите средби ќе продолжат и во иднина. Партијата е отворена за секого.

Исто како што во времето кога бил друг претседател, јас сум извршувал некоја друга функција во СДСМ, така и сега кога јас сум претседател, тие што биле порано претседатели или извршувале други функции имаат своја улога на споделување во она што го имаат како искуство.


И еден ден кога ќе дојде нов претседател на СДСМ, секако дека и тие ќе го користат моето искуство што го стекнав низ овој мандат исполнет со голем број  предизвици како на домашен, енергетски, економски план и на меѓународен план во обезбедување на почеток на преговори на државата со ЕУ, рече Ковачевски.

сан/бак/Фото: МИА архива .


Извор: МИА