Breaking News

Ковачевски: СДСМ е најактивна партија, зборувавме за успешните мерки и политики


СДСМ е најактивна партија во земјава, во моментов имаме една серија на трибини „Повеќе за сите“ на кои зборуваме за последниот пакет антикризни мерки, за успешните мерки и политики кои покажуваат дека државата се движи во правилен правец, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за Слободен печат.


„Ние сме држава која низ текот на историјата доживеала доста кризни периоди, но како последните три, четири години што имавме последователни кризи, прво здравствената, потоа енергетската, економската, ретко кога имало вакви кризи. Никогаш немало после втората Светска војна. Но, како Влада, покажавме дека знаеме да се носиме со овие предизвици и во услови на таква криза прво обезбедивме антикризни мерки кои се насочени кон најранливите. Девет пакети на антикризни мерки. Овие антикризни мерки како никогаш досега во било која држава се насочени навистина кон оние на кои најмногу имаат потреба. Само во последните три години имавме 2,6 милијарди евра трансфери кон граѓаните и кон компаниите, а истовремено и покажавме дека можеме да ја сочуваме економијата и притоа да обезбедиме и раст на економијата за идната година“, рече премиерот Ковачевски.


Извор: МИА