Ковачевски: Последното рангирање од „Фич“ покажува дека водиме издржана економска политика


– Последното рангирање на рејтинг агенцијата „Фич“ која после четири години го врати нашето рангирање на „ББ+ стабилен“ покажува дека водиме економски издржани политики, смета премиерот Димитар Ковачевски.


-Секогаш нешто може да се подобри и да се унапреди. Јас сум економист и сметам дека треба да го правиме она што е можно.


Не можеме да водиме политики кои утре можат да предизвикаат дисторзија на пазарот, дисторзија во фискалниот и во монетарниот систем.

Дека водиме економска политика која е издржана и која дава резултат потврдува и последното рангирање на економијата на нашата држава од страна на агенцијата „Фич“ која после четири години го врати нашето рангирање во стабилно, односно на ББ+ стабилен, рече Ковачевски во одговор на новинарско прашање по завршување на настанот #МКЕкономија „Довербата расте”.


Тоа, како што кажа, значи дека политиките што се водат се долгорочно одржливи, а фискалните и монетарните мерки се прудентни и одговорни и даваат резултати во услови на криза. вј/бак/Фото: МИА  .

Извор: МИА