Breaking News

Ковачевски – Пич: Интеграцијата во ЕУ е клучен процес за позитивниот напредок на државите од Западен Балкан


Премиерот Димитар Ковачевски денеска во рамки на Бледскиот стратешки форум, оствари средба и со Стјуарт Пич, специјален претставник на британскиот премиер за Западен Балкан.


На средбата, соговорниците го потврдија долгогодишното партнерство и пријателство меѓу двете држави, како и поддршката што земјава ја добива за клучните прашања за напредок и остварување на стратешките цели, како членството во НАТО и интеграцијата во Европската Унија.


Соговорниците разменија мислења и информации за актуелните прашања поврзани со интеграцијата на Западен Балкан и оценија дека тој процес е клучен за поттикнување позитивен напредок и за останатите отворени прашања во регионот.

На средбата е потврдено дека Северна Македонија продолжува со поставеноста на надворешната политика која е на линија на политиките на државите од Европа. ев/бак/Фото: МИА архива  .


Извор: МИА