Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, во рамки на работната посета на Рим, Италија, на покана на претседателот на Партијата на европски социјалисти, Стефан Лофвен, присуствуваше и се обрати на панел сесијата „Решенија за подобар квалитет на живот“ во рамнки на Изборниот конгрес на ПЕС 2024, на тема мотото „Европа што ја сакаме: социјална, демократска, одржлива“.
Претседателот Ковачевски, во рамки на постета присуствуваше и се обрати и на заедничкиот настан организиран од Социјалистичката партија и демокартска партија на Италија, а во соработка со Европскиот форум за деморактија и солидарност и ЦИЕ Мрежата за родови прашања.
Воедно, претседателот Ковачевски оствари и средби со премиерката на Данска, Мете Фредериксен, шпанскиот премиер, Педро Санчез како и германскиот канцелар, Олаф Шолц. .
Извор: МИА