Breaking News

Ковачевски на пуштање во употреба на рехабилитираниот пат Крива Паланка – ГП Деве Баир


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски ќе присуствува и ќе се обрати на настан по повод пуштање во употреба на рехабилитиран државен пат Крива Паланка – ГП Деве Баир.


Со рехабилитацијата опфатена е изградба на трета лента од Крива Паланка до граничен премин Деве Баир.


 Патот Крива Паланка –  ГП Деве Баир, е делница од источниот дел на Коридор 8, на кој веќе е завршена рехабилитацијата на државниот пат од Куманово до Страцин, а активно се работи и на изградба на експресниот пат од Ранковце до Крива Паланка, што се очекува да биде пуштен во сообраќај годинава.

вг/црФото: МИА Архива .


Извор: МИА