Ковачевски на панел сесија по повод 30 години членство на Северна Македонија во ОН


Премиерот Димитар Ковачевски, кој е во работна посета на САД, учествува на панел сесија во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, по повод 30 години членство на Северна Македонија во ОН каде ќе се дискутира за превентивна дипломатија, посредување и политика на пријателство.


Како што соопшти владината прес-служба, во попладневните часови, премиерот Ковачевски ќе присуствува и ќе се обрати на настанот организиран по повод одбележувањето на Денот на македонскиот јазик.


нд/аа/Фото: МИА архива .

Извор: МИА