Breaking News

Ковачевски: Му оддадовме почит на маестро Џамбазов


Поранешниот премиер и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски денеска присуствуваше на настанот „За Маестрото“ со кој на македонскиот композитор и диригент, Александар Џамбазов, по повод роденденот, му беше оддадена почит.


Настанот се одржа во Дебар Маало, а го организираше општина Центар.


-Маестро Џамбазов е автор на голем број детски македонски песни, но и популарна музика, иницијатор е и долгогодишен диригент на фестивалот „Златно славејче“, и има исклучителен придонес во развојот на музичките жанрови, со што остави траен белег во македонската музика.

Новиот мурал во Дебар Маало, посветен на ликот и делото на Маестро Џамбазов, ќе го разубавува Скооје и Дебар Маало и секогаш ќе нѐ потсетува на песните изведени од неговите „Златни славејчиња“ и „Развигорчиња“, како и на целиот негов творечки опус, со кои израснаа многу генерации, напиша Ковачевски на својот фејсбук профил.


На настанот беше промовиран муралот посветен на маестро Џамбазов, како и книгата „Чичко маестро Џамбаз, во светот на децата” на авторите Бранка Костиќ-Марковиќ и Марко Коловски.

Градоначалникот Горан Герасимовски и Игор Џамбазов симболично пресекоа лента пред сликата на Маестрото со Златните славејчиња. мч/дма/фото: ФБ на Ковачевски .


Извор: МИА