На овој ден кога го празнуваме македонскиот јазик, оддавам должна почит на сите создаватели на македонскиот литературен јазик, наведува премиерот Димитар Ковачевски во честитката по повод Денот на македонскиот јазик – 5 Мај.
– Со гордост можам да кажам дека ја исполнуваме мисијата и визијата на нашите предци.
Македонскиот јазик денес е дел од нашата лична карта во Обединетите нации, а со потпишувањето на Договорот со ФРОНТЕКС, тој е вграден во европското законодавство.
Ќе продолжиме и понатаму да се грижиме за македонскиот јазик бидејќи „се додека го чуваме и негуваме јазикот наш македонски“, како што вели нашиот великан Блаже Конески, „ќе може да сметаме дека ја имаме и татковината.
Како куќа, како дом, како огниште“. Честит нека нѝ е Денот на македонскиот јазик 5 Мај!, пишува Ковачевски во пораката објавена на ФБ профил. са/дма/ Извор: МИА.