Breaking News

Ковачевски е убеден дека нашата земја има политичка сила и луѓе со визија кои ќе ја донесат одлуката за уставни измени 


Процесот на носење на амандманите во Собранието е започнат и јас сум убеден дека Северна Македонија има политичка сила и има луѓе со визија кои таа одлука ќе ја донесат и по отворањето на поглавјата во 2030 година ќе станеме земја – членка на ЕУ.


Тоа е мојот многу јасен став, истакна денеска премиерот, Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање за пораките од Брисел и предлог-заклучоците на Европскиот совет.


 Според него, целата македонска јавност преку медиумите можеше да се увери дека заклучоците на ЕУ, односно Предлог-заклучоците на Европскиот совет беа кристално јасни.

 -А тоа е дека Северна Македонија успешно го заврши скрининг процесот што е нотирано во Европската комисија и дека откако ќе ги спроведе амандманите во Уставот веднаш без одлагање ќе биде свикана втората меѓувладина конференција за отворање на поглавјата од преговорите.


И таков јасен заклучок за нашата држава никогаш во ЕУ немало досега, рече Ковачевски.

 Премиерот додаде дека се гледа дека на нас во Брисел ни се повтори Букурешт од 2008 година,а како што рече, и истата политичка партија го блокираше патот на Северна Македонија во евроинтеграциските процеси уште еднаш.


– Тие се веќе четири години во блокирачки пристап, тоа е нивна изјава дека имаат активна блокада на се и јас би рекол тоа е времена блокада затоа што нашата држава ќе стане земја – членка на ЕУ, исто како што стана земја – членка на НАТО.

И се она што ќе го слушате овие денови е само дефокус од тоа дека блокадата во евроинтеграцискиот процес на Северна Македонија има име и презиме, тоа е ВМРО-ДПМНЕ.


Се друго е само де фокус, се друго е само замена на тези, и се друго е само бегање од реалноста, изјави Ковачевски.

 Прашан за коментар за почетокот на преговорите на Украина со ЕУ, Ковачевски со одговор дека нашата земја го поддржува стартот и зеленото светло за почеток преговорите на Украина и Молдавија за влез во ЕУ.

-Ние како држава тоа го поздравуваме, затоа што сметаме дека сите демокртаски држави треба да бидат дел од ЕУ, рече Ковачевски.

 Потенцира дека одлуката за Украина и Молдавија не е донесена без конзенсус, бидејќи напуштањето на Унгарија на самата седница не значи гласање против и затоа одлуката е помината.

 -На следно гласање, вие имате од една земја – членка на ЕУ гласање против и таа одлука, во однос на друго прашање не поминува и со ова јасно е дека во ЕУ постои согласност за отпочнување на преговори со Украина и Молдавија.

Исто така постои уште една теза дека Украина имала билатерален спорт. Тоа не е точно. Украина не е во билатерален спор со Русија.

Русија ја има неоправдано нападнато Украина и Русија не е земја – членка на ЕУ, рече Ковачевски.

 Што се однесува за останатите прашања и тези кои деновиве ги има слушнато, Ковачевски е дециден дека промени во преговарачката рамка за нашата држава не се можни.

 -Некои сакаат да извршат паралела со Србија.

Србија има прифатено 35 поглавја коешто се вика Косово и во тоа поглавје влегуваат сите прашања со Косово, за среќа ние не дозволивме да има посебно поглавје за прашање со соседите во нашата преговарачка рамка и сите знаете, таа е јавно објавена, вели Ковачевски.

вдј/ев/ФОТО: МИА Архива   .

Извор: МИА