Breaking News

Коцевски на меѓународна конференција во Тирана „Јакнење на отчетноста – Зајакнување на напорите во борбата против корупцијата“


„Прашањето на независноста на обвинителството е нераскинливо поврзано со прашањето за интегритетот.


И тука мислам не само на индивидуалниот интегритет на јавните обвинители, туку и на институционалниот, колективен интегритет на обвинителството како целина“, истакнал јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска во Тирана на меѓународната конференција „Јакнење на отчетноста – Зајакнување на напорите во борбата против корупцијата“, во организација на Глобалната иницијатива против транснационален организиран криминал.


Како што соопшти ЈОРСМ, на панелот посветен на јакнењето на интегритетот и независноста на јавното обвинителство, Коцевски зборувал за огромната важност на финансиската независност на обвинителството, но и на индивидуалната независност на јавните обвинители во постапувањето.

Притоа посочил дека борбата за независност и интегритет е една од најтешките борби кои ги води обвинителството, но таа е неопходен и клучен предуслов за успешна борба против корупцијата.


-Промовирањето на култура на интегритет во обвинителството е уште една од моите заложби како нов државен обвинител.

Во оваа насока не само што сметам дека неопходно е доследно почитување на етичките правила и принципи од секој обвинител поединечно, туку неопходно е и санкционирање на прекршителите со цел да се зачува интегритетот на институцијата како целина, истакнал Коцевски.


Тој ја потенцирал важноста на истражните центри и процесот на дигитализација во зголемување на независноста.

На маргините на конференцијата во Тирана, Коцевски оствари средби со потпретседателот на Европравда Боштјан Шкрлец, со шефот на Одделот за антикорупција при албанското Специјално обвинителство Клодјан Брахо, како и со преставници на невладиниот сектор.


дма/са/Фото: Јавно обвинителство на  на Република Северна Македонија .

Извор: МИА