Breaking News

Костадиновска-Стојчевска на увид на изградба на мултифункционална сала на Домот на култура „Сандево“


Министерката за култура, Бисера Костадиновска -Стојчевска ќе оствари работна посета на општина Чучер Сандево, каде што во придружба на министерт за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски ќе изврши увид на проектот и локацијата за изградба на мултифункционална сала на Домот на култура „Сандево“.


Проектот е финансиран преку Програмата за инвестициони проекти во единиците на локалната самоуправа, за што преку Министерството за култура се обезбедени средства во износ од 11,3 милиони денари.


Посетата ќе започне со средба со градоначалникот Сашко Комненовиќ, во општинската зграда во 11 часот. По што ќе извршат обиколка на просторот каде што ќе се гради Домот на културата.

свс/вг/Фото: МИА архива  .


Извор: МИА