Breaking News

Конвои за помош во Египет се упатуваат кон граничниот премин со Газа


Хуманитарните конвои кои денеска чекаа во египетскиот град Ел Ариш се упатија кон граничниот премин Рафах со палестинската енклава Газа, соопштија претставници на хуманитарната служба.


-Пристигнавме на терминалот и сега го чекаме следниот чекор, рече Хеба Рашед, која ја води хуманитарната група Мерсал.


Уште стотици камиони се упатија по крајбрежниот пат на 40-километарското патување до Рафах, рекоа други службеници, јавија француските медиуми. мс/фото: МИА архива .

Извор: МИА