Breaking News

Консултативна средба на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите


Во Парламентот денеска ќе се одржи консултативна средба на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите.


 Како што информира собраниската прес-служба, средбата има за цел основање и промовирање на Интерпартиското тело кое ќе се ангажира и заложува кон унапредување на статусот на еднородителските семејства, самохрани родители, девојки и жени од маргинализираните групи во Собранието на Северна Македонија.


 Во телото ќе членуваат пратеници од постоечкиот собраниски состав од различни политички партии. мд/са/Фото: МИА архива  .

Извор: МИА