Breaking News

Конкурс за избор на најдобра карикатура по повод Денот на слобода на медиумите


Министерството за надворешни работи на Холандија и организацијата Картун мувмент објавуваат регионален конкурс за избор на најдобра карикатура по повод Денот на слобода на медиумите.


Сите карикатуристи, илустратори и уметници од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Србија и Црна Гора) се повикуваат визуелно да ја претстават важноста на слободата на медиумите и вредноста на
независното новинарство и своите дела да ги испратат по електронска пошта до
cartoons@cartoonmovement.com најдоцна до 1ви март 2024 година. Стручното жири ќе додели прва и втора награда а избраните дела ќе бидат вклучени во изложби што ќе ги организираат амбасадите на Кралството Холандија во земјите од Западен Балкан во текот на април и мај 2024 година. Дел од избраните карикатури ќе бидат објавени и на интернет страницата на Картун мувмент.


Слободата на медиумите е од витално значење за функционирањето на една
демократија. Одговорното известување и истражувачкото новинарство ги информира граѓаните за случувањата во општеството и во владата, формирајќи ја на тој начин основата за издржана јавна дебата. Доколку оваа слобода не постои, карикатуристите кои ги користат своите дела за да побараат одговорност од оние на власт и за да ја извадат на виделина неправдата, злоупотребата на моќ и корупцијата нема да бидат во можност да ја извршуваат својата работа.

Правилата за учество и сите дополнителни информации се наоѓаат на интернет
страницата на Картун мувмент: https://cartoonmovement.com/project/media-freedomcartoon-competition .
.


Извор: МИА