Конкурс за еднократна парична награда за научно-истражувачки труд објавен во 2023


Министерството за образование и науак објави конкурс за доделување еднократни финансиски средства за научно-истражувачки труд објавен во 2023 година.


Еднократната награда е во висина на една просечна нето плата која им е исплатена во последниот месец на наставниците и соработниците избрани на високообразовните/научните установи во Република Северна Македонија, кои претходната година објавиле научен труд во списанија со фактор на влијание, реферирани во базите Web of Science на Clarivate Analytics (предходно на Thomson Reuters) или CiteScore на Scopus од Elsevier.


-Министерството ќе доделува финансиски средства на авторот, односно авторите на трудот, врз основа на изјава на авторите на трудот за процентуалната распределба на средствата која се доставува до Министерството за образование и наука по објавувањето на конечната листа за финансирање на интернет-страницата на Министерството за образование и наука: mon.

gov. mk, се наведува во конкурсот на МОН.


Министерството во објавениот конкурс соопшти дека секоја година се финансираат најмалку 50 трудови од секое од шесте научно-истражувачки полиња според класификацијата FRASCATI.

-Доколку за одредено научно-истражувачко поле не се рангираат за финансирање 50 трудови, останатите средства можат да бидат распределени за финансирање на дополнителен број трудови од друго научно-истражувачко поле, за што на предлог на комисијата, одлучува министерот, пишува во објавениот конкурс.


Во него се опфатени условите што треба да бидат исполнети, документите што треба да бидат поднесени и  информации за електронското аплицирање за финансиската награда.

Пријавувањето на конкурсот ќе трае до 30 септември 2024. хс/нд/Фото: МИА архива     .


Извор: МИА