Breaking News

Конференција „Жени претприемачки“ и избор „Жена на годината 2023“


Денеска ќе се одржи шестото издание на конференцијата „Жени претприемачки“ и ќе бидат прогласени победничките во изборот „Жена на годината 2023“.


Како што соопштија организаторите, конференцискиот дел на настанот, покрај со вообичаената забавна компонента, ќе биде исполнет и со предавања на неколку говорници кои ќе зборуваат на различни теми.


Овогодишни говорници на конференцијата се: Магдалена Христова, директор на финансискиот оддел на Пивара Скопје; Лулзим Адили Луи, сертифициран обучувач за лидерство, говорник и коуч, Мери Шешо Најденовска, oперативна директорка на Monks Agency, Наташа Поповиќ, директорка на НУ Охридско лето, како и Моника Ризовска од Ways2Help.

Најавена е и церемонија на доделување признанија за победничките во овогодишниот избор за „Жена на годината“ во вкупно 10 категории.


– За годинешното издание е забележан рекорден број на онлајн номинации, вкупно 799.

Од нив беше формирана листа на финалистки (по 5 во секоја категорија), за кои потоа гласаше жири-комисија составена од претставници на медиуми, образовни институции, организатори и соработници, се вели во соопштението од организаторите.


цр/са/Фото: конференција „Жени претприемачки“  .

Извор: МИА