Конференција „Заштита на вашиот бизнис во дигиталната ера“


– „Заштита на вашиот бизнис во дигиталната ера“ е темата на конференцијата која ќе се одржи денеска во Македонска Филхармонија.


– Ова издание на А1 SecurityThink кое ќе се фокусира на најновите трендови во дигиталната индустрија ќе проба да одговори на прашањата кои се предизвиците во сајбер безбедноста денес и кои се начините за ублажување на ризиците од сајбер напади, известуваат организаторите.


На настанот ќе бидат изнесени статистики и европски и светски анализи, примери за сајбер напади, но и алатки и продукти кои нудат заштита. ир/са/ .

Извор: МИА