Breaking News

Конференција за образованието и спортот ќе се одржи во Охрид


Конференција на тема „Проектни предизивци – Локална самоуправа, граѓански организации, образование и спорт“ во наредните три дена ќе се одржи во Охрид во организација на Здружението за развојни иницијативи Геостратешки Институт ГЛОБАЛ.


 Конференцијата ќе биде организирана за 60 учесници кои се дел од проектот „Учиме да пливаме“, а се од образовниот процес од општина Аеродром.


 На конференцијата ќе се зборува за повеќе теми од областа на образованието и спортот, а ќе присуствуваат експерти и професори од повеќе области од Универзитетот „Св.

Кирил и Методиј“ од Скопје и УГД „Гоце Делчев“ од Штип, како и претставник на  Министерство за образование и наука. вј/бак/Фото: Принтскрин .


Извор: МИА