Breaking News

Конференција за акредитација на меѓународните стандарди како алатка за спречување на корупција


Национална конференција за акредитација на меѓународните стандарди како алатка за спречување на корупција ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Институтот за акредитација на Република Северна Македонија.


На форумот најавено е обраќање на вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, в. д.


претставникот на УСАИД, Дон Кармин, директорот на  Меѓународната фондација за изборни системи Иона Косма, директорот на Институтот за акредитација на Босна и Херцеговина Дражан Приморац и директорот на Институтот за акредитација на Северна Македонија, Слободан Чокревски.

Целта на конференцијата е да се поттикне дискусија и размена на мислења за иницијативите заимплементација на системoт за управување против корупција во согласност со стандардот ISO37001:2016 и системот за управување на информациската безбедност во согласност со стандардотISO 27001:2022, да се споделат добри практики од земјите на ЕУ кои ги имплементирале овиестандарди, како и да се дискутираат правните барања за воведување на стандардите воинституциите на јавната администрација.


-Во ситуација кога корупцијата и подмитувањето влијаат на економскиот раст и ја намалуваатдовербата на јавноста во целокупниот систем, квалитативните и квантитативните предности одвоведувањето на стандардизација и сертификација на јавните институции за против-корупцијаможат да донесат нов квалитет и конзистентност во напорите за зголемување на транспарентноста,отвореноста и одговорноста кон јавноста, наведува организаторот.

Конференцијата е дел од тековната активност за противкорупција и интегритет, финансирана од Агенцијата за меѓународен развој на САД (USAID) и имплементирана од Меѓународната фондација за изборни системи (IFES).


вг/бак/ Фото: МИА Архива .

Извор: МИА