Конференција „Стратегија за Роми, тек и следни чекори“


Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе се обрати на конференцијата „Стратегија за Роми, тек и следни чекори“, што ќе се одржи под негово покровителство.


На конференцијата, како што е најавено, воведно обраќање ќе има шефот на делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија Дејвид Гир.


Во рамки на првата панел-дискусија „Стратегија за Роми, тек и следни чекори“ ќе се обратат министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, министерот за здравство Фатмир Меџити, министерот за образование и наука Јетон Шаќири, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски.

Во рамки на втората панел дискусија „Како институционалната поставеност во државата одговара на текот и следните чекори на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030“ ќе се обратат претставници на институции, невладини организации и претставници од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.


Ќе биде презентирана Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030 од страна на претставници на Институтот за истражување и анализи „Ромалитико“. мд/са/

Фото: МИА


Скопје, 6 април 2023 (МИА)