Breaking News

Конференција посветена на 30-годишното партнерство меѓу Светска банка и Северна Македонија


На Економскиот факултет во Скопје денеска ќе се одржи конференција посветена на 30-годишното партнерство меѓу Светска банка и Северна Македонија.


 На конференцијата, според агендата, најавени се обраќања на потпретседателката на Светска Банка за Европа и Централна Азија, Антонела Басани, премиерот Димитар Ковачевски и деканот на Економскиот факултет Предраг Трпески.


 Во рамки на конференцијата ќе се одржат два панела посветени на демографските предизвици и на човечкиот капитал.

На првиот панел најавени се обраќање на министерот за финансии Фатмир Бесими и на министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, а на вториот панел вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и министерот за образование и наука Јетон Шаќири.


бак/вј/Фото: Светска банка   .

Извор: МИА