Breaking News

Конференција „Односи меѓу заедниците: Перцепции, надежи и стравови, предизвици и решенија“


„Односи меѓу заедниците: Перцепции, надежи и стравови, предизвици и решенија“ е насловена конференцијата што ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на ЦИВИЛ-Центар за Слобода.


 Конференцијата, на која ќе бидат опфатени низа општествено-политичките аспекти на односите меѓу заедниците, мултикултурализмот и европските вредност, е во контекст на Светскиот ден на различностите, 21 мај.


Како што најавија од ЦИВИЛ-Центар за Слобода, конференцијата ќе ја отвори претседателот на државата Стево Пендаровски, а клучни говорници ќе бидат првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, националниот координатор за мултикултурализам, Роберт Алаѓозовски, пратеничката Санела Шкријељ, почесниот конзул на Големото Војводство Луксембург, Петар Арсовски.

Најавени се и градоначалниците Максим Димитриевски, Арбен Таравари и Висар Ганиу, како и низа претставнички и претставници на експертската и академската заедница, граѓанското општество и медиумите.


Ќе говорат: заменик директорот на АОПЗ, Џељал Хоџиќ, универзитетската професорка Ана Чупеска, Зоран Иванов, Љубиша Николовски, Петрит Сарачини, како и ЦИВИЛ-ите Биљана Јордановска, Дехран Муратов, Драган Мишев и Џабир Дерала.

Модераторка на настанот е Дијана Тахири.


Конференцијата е дел од проектот „Заедно за подобра иднина“ посветен на промоцијата на мултикултурализмот и европските вредности што го спроведува ЦИВИЛ со поддршка од Министерството за надворешни и европски работи на Големото Војводство Луксембург.

цр/са/Фото:МИА .


Извор: МИА