Breaking News

Конференција „Квалитетно правораздавање – Предуслов за обнова на јавната доверба“


Здружението на судиите на Република Северна Македонија со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје денеска организира годишна судиска конференција на тема „Квалитетно правораздавање – Предуслов за обнова на јавната доверба“ по повод Денот на правосудството.


Воведни обраќања на конференцијата, како што е најавено, ќе има заменик-шефицата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Сузан Пенкса, претседателка на Врховниот суд на РСМ, Беса Адеми, претседателка на Судскиот Совет на РСМ, Весна Дамева и претседателот на Здружението на судиите на РСМ, судија Џемали Саити.


Во рамките на конференцијата се предвидени и две панел дискусии.

На првата панел дискусија со почеток од 10:50 часот претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева и Беса Адеми, претседателката на Врховниот суд, ќе зборуваат за постапка за избор и унапредување на судиите како и улогата на Судскиот совет при изборот на високо квалитетни судии и Советот при Врховниот суд како коректив или формален орган за оцена на законитоста на постапката за избор, предизвици и предности.


На втората панел дискусија која треба да започне во 13 часот судијката и член на Судскиот Совет на РСМ, Антоанета Димовска, ќе зборува за системот за професионален развој на судиите базиран на заслуги, квантитативни и квалитативни стандарди vis a vis дискрециони овластувања.

Завршните согледувања од настанот во 15 часот ќе ги даде претседателот на Здружението на судиите, Џемали Саити.


Конференцијата се организира во рамките на активностите предвидени со годишната програма за работа на Здружението на судии. ар/аа/Фото: МИА архива    .

Извор: МИА