Breaking News

Конференција „Фемицид во Северна Македонија и Западниот Балкан – меѓународни стандарди и пракса на судовите“


Во Скопје денеска ќе се одржи конференција „Фемицид во Северна Македонија и Западниот Балкан – меѓународни стандарди и пракса на судовите“, организирана од AIRE центарот и Академијата за судии и јавни обвинители на Северна Македонија, со поддршка од Владата на Обединетото Кралство.


– Конференцијата ќе се фокусира врз прашањето на фемицид во Северна Македонија и поширокиот регион на Западниот Балкан, со цел да се расветлат конкретните начини на кои може да се подобри судскиот одговор на овој вид злосторство.


Овој настан ќе послужи како можност за презентирање на неодамнешното истражување и наоди за оваа тема, вклучувајќи ги извештаите „Фемицидот во Република Северна Македонија: Состојба, правна рамка и судска пракса (2018-2022)‟ и „Регионален извештај за судскиот одговор на фемицид во Западниот Балкан‟, кои ги испитуваат правните рамки, судските пракси, како и основните општествени фактори кои влијаат врз фемицидот и севкупното родово-базирано насилство во Северна Македонија и ширум регионот, се наведува во соопштението на Академијата за судии и јавни обвинители на Северна МакедонијаОвој настан, најавува Академијата, ќе собере правни професионалци, носители на одлуки, активисти и претставници на невладини и меѓународни организации кои, преку перспектива на нивната експертиза, заеднички ќе ги испитаат правните и општествените аспекти на фемицидот, со цел да ги споделат своите сознанија и да разговараат за стратегии кои придонесуваат за подобра заштита на жените и справување со проблемот на фемицид и сите други облици на родово-базирано насилство.

Предвиден е говор на министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, заменичката на министерот за правда Викторија Аврамовска – Мадиќ, директорката на Академијата за судии и јавни обвинители на Северна Македонија, Наташа Габер-Дамјановска, раководителот на програми во Британската амбасада во државата, Ендрју Бранд, како и на Косана Бекер, програмска директорка на „ФемПлац“ и членка на Регионалниот одбор на Мрежата на судии/судијки посветени на јакнење на родовата рамноправност.


бд/лв/Фото: МИА архива .

Извор: МИА