Breaking News

Конференција „Дали Република Северна Македонија е фер земја?“


Во организација на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) денеска ќе одржи конференција на тема: „Дали Република Северна Македонија е фер земја? Како институциите заеднички да ја унапредат борбата против дискриминацијата?“.


Како што најавуваат од КСЗД, на конференцијата се очекува да се обратат претседателот Стево Пендаровски, министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, народниот правобранител Насер Зибери, претседателот на КСЗД Исмаил Камбери, амбасадорот на Обединетото Кралство Метју Лосон и извршната директорка на ЦУП Неда Малеска-Сачмароска.фф/са/


Фото: Комисија за спречување и заштита од дискриминација