Конференција „30 години македонско-германски дипломатски односи: Билатерална соработка и развојна поддршка со Северна Рајна – Вестфалија“


Конференција на тема „30 години македонско-германски дипломатски односи: Билатерална соработка и развојна поддршка со Северна Рајна – Вестфалија“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Претседателскиот центар за политичко образование.


Како што најавуваат од прес-канцеларијата на Претседателот, на конференцијата е предвидено да се обратат Натанаел Лимински, министер за федерални, европски и меѓународни прашања и медиуми и шеф на државната канцеларија на Северна Рајна-Вестфалија, Бојан Маричиќ, заменик на претседателот на Владата за европски прашања, Ото Граф, времен вршител на работите во Амбасадата на Сојузна Република Германија во Скопје,


На форумот ќе говорат и Борис Георгиевски, уредник на македонската редакција на Дојче Веле, како и Александар Љ. Спасов, советник за надворешна политика, внатрешна политика и уставни прашања во Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија. вг/

Скопје, 20 март 2023 (МИА)