Breaking News

Компанијата на Маск ќе распореди стотици шпионски сателити за потребите на американската Влада и војска


Компанијата „Спејс Икс“ на американскиот милијардер Илон Маск подготвува мрежа од стотици шпионски сателити, потврдија пет неименувани извори запознаени со проектот.


За мрежата на шпионски сателити е задолжена деловната единица „Спејс Икс Старшилд“, која во 2021 година потпиша договор вреден 1,8 милијарди долари со Националната служба за извидување (NRO), разузнавачка агенција која управува со шпионски сателити, пренесува „Еуроактив“.


Ако проектот биде успешен, значително ќе ја унапреди способноста на американската Влада и војска брзо да ги забележат потенцијалните цели речиси насекаде во светот, потврдија изворите.

рп/Фото: МИА архива .


Извор: МИА