Breaking News

Комората на трговски друштва за геодетски работи се приклучи на Стопанската комора на Северна Македонија


– Комората на трговски друштва за геодетски работи  од денеска се приклучи на Стопанската комора на Северна Макеоднија.


Соработката како што информира претседателот на Геодетската комора Никола Рибаровски е во насока на обезбедување поддршка во заложбите за креирање на деловен амбиент на геодетските компании преку кој ќе се истакне важноста на конструктивниот јавно-приватен дијалог.


На денешната прес-конференција Рибароски посочи дека ваквата соработка ќе придонесе кон полесно справување со моменталните предизвици на геодетските компании.

-Геодетската комора поради оние јавни овластувања кои ги има според законот, а со кои незаконски во моментов и се одземени ќе продолжи да дејствува независно, но од денеска под чадорот на Стопанската комора.


Соработката со Стопанска комора која денеска ја официјализиравме ќе биде во насока на поддршка на нашите заложби да обезбедиме на компаниите кои се дел од оваа геодетска комора соодветен деловен амбиент преку кој ќе се обидеме да ја истакнеме важноста на конструктивниот јавно-приватен дијалог, појасни Рибароски.

Тој потсети на проблемите со кои се соочува комората.


-Би ја истакнал веќе започнатата борба на докажувањето на уставната и законски загарантирана независнот на нашата комора, а понатаму сите проблеми со кои се соочуваме, а тоа се различните опструкции, незаконски опструкции и репресивната политика кон фирмите преку разно разни одземања на лиценци, овластувања и тнт.

, потенцира тој.


Изрази надеж дека ваквата ситуација нема да трае долго и оти комората ќе почне да ги користи ресурсите на многу попродуктивни и посуштински работи кои ќе придонесат кон унапредување и развој како на членките на комората, така и на целата дејност и струка.

– Воедно сакам да информирам дека после четири годишна сага, Владата е во процес на донесување на измена на тарифникот на нашите услуги, имајќи ја предвид важноста и итноста апелираме овој процес да биде завршен во најкус можен рок, бидејќи според нашите информации тарифникот на 15 декември претодната година е усвоен од страна на Управниот одбор на Агенцијата за катастар, а во овој момент за истиот во неколку владини институции се дава мислење, но сметаме дека сето тоа трае предлого, порача Рибароски.

Антони Пешев, извршен директор на Стопанска комора истакна дека комората е во позиција да помогне при решавањето на проблемите со кои се соочуваат геодетските компании.

-Постои недоразбирање околу нивото на состојбите и позицијатаа на тие компании и цениме во Стопанската комора дека со нашата генерална позиција може да помогнеме во делот на дефинирањето на базичната поставеност на оваа група на компании која еве веќе подолго време функционира, но се соочува и со серија на проблеми, ќе  ми биде мило доколку во месеците што следуваат ќе разговараме за успешно поставени правила на игра кои на оваа група на компании ќе и направи многу поблагопријатен аспект на функционирање, исто така очекуваме и изборите да донесат сериозни промени.

Воедно изрази поддршка за иницијативата за задржување на сегментот на отворен пазар за овие сервиси и оцени дека тоа ќе предизвика реална можност за директен процес за натпревар на пазарот.

свс/лв/Фото: МИА .

Извор: МИА