Breaking News

Коалиција „Европски сојуз за промени“: Ова е најнегативниот Извештај од ЕК, земјава стои многу лошо во судството и борбата против корупцијата


Сафије Садики  Шаини, пратеничка на „Европски сојуз за промени“ – коалиција на БЕСА, Алтернатива и Демократско движење на денешата прес-конференција истакна дека ова е најнегативниот Извештај од Ервропската комисија и потенцира оти земјава стои многу лошо во судството и борбата против корупцијата.


-Вчера јавноста имаше можност да го види последниот извештај на Европската комисија  за Северна Македонија  и уште еднаш да се увери во тоа што ние го потенцираме подолго време, дека за оваа Влада веќе не е приоритет интеграцијата во Европската унија.


Во време кога граѓаните чекаат добри вести од Брисел за отворање на преговорите и членство во ЕУ, токму Европската комисија е таа која во својот последен извештај дава оценка дека Северна Македонија стои многу лошо  во поглед на судството и борбата против корупцијата.

Секако, оваа е жална вест за граѓаните на нашата земја, иако не е нова вест за нас.


Коалицијата „Европски сојуз за промени“ веќе подолго време предупредува дека интеграцијата во ЕУ за оваа Влада не е примарен фокус и дека таа е зафатена со бизнисите на игрите на среќа, како и со зголемување на нивото на корупцијата.

Се разбира, власта отсекогаш имала објаснувања дека нашата позиција се должи на политичката опоненција, во која и амбасадорите на земјите од ЕУ, а сега и самата Европска комисија тврдат дека Северна Македонија стои лошо во областа на независноста на судството, нагласувајќи го контроверзното разрешување на првиот човек на Судскиот совет, рече пратеничката Шаини.


Таа нагласи дека авторот и виновникот за оваа состојба во земјава не е анонимем, туку се наоѓа во Владата составена од триото СДСМ-ДУИ-Алијанса за Албанците.

-Коалицијата „Европски сојуз за промени“ изразува жалење што имаше право кога реагиравме на начинот на кои беа направени измените во Кривичниот законик.


И покрај тоа што политичарите од власта се обидоа да ја изманипулираат јавноста на оваа тема, Европската комисија укажува дека начинот на кој е усвоен овој Законик, намалувањето на казните за одредени кривични дела и можноста со овие измени да застаруваат многу предмети од пранешното Специјално јавно обвинителство, се во спротивност со стандардите на правосудството на ЕУ, рече Шаини.

Потсети дека во однос на застареноста на предметите на политичка корупција, тие предложиле предлог за уставно санкционирање на предметите на политичка корупција со тоа што, како што рече, тие никогаш не ќе можаат да застаруваат.

-Но, оваа Влада наместо да го прифати нашиот предлог, го смени Кривичниот законик со кои секојдневно застаруваат предметите на Никола Груевски, Гордана Јанкуловска, Сашо Мијалков и други криминалци.

Истакнувајќи дека ова е најнегативниот Извештај кој го имала Северна Македонија од Европската унија и уште еднаш констатираме дека оваа Влада која мисли само за власт, а не за државата – е најантиевропската Влада по 2017 година и затоа треба што поскоро да се делегитимира.

Инаку, станува се поопасно. Како и да е, тоа ќе се случи – ако не порано, секако на следните парламентарни избори, рече Шаини.

Пратеникот на Движењето Беса, Фадил Зендели нагласи дека токму поради нотираните негативни работи во Извештајот на ЕК, тие излегле од Владата.

-Токму поради овие причини не сме дел од власта, затоа што не се согласувавме со сите тие политики кои се водеа и во Собранието и во Владата. И затоа сме во опозиција.

Сметаме дека овој Извештај на ЕК е еден од најнегативните извештаи кои ги имала Република Северна Македонија. Ние цело време се спротивствавуваме на овие политики.

Вие сте сведоци дека се спротивставуваме на политиките кои се водат во Собранието.

Во Извештајот ќе гледате дека најнегативните елемтнти што ги има се однесуваат на последниот период на функционирање на Собранието, рече Зендели.

 Во однос на европското знаменце, тој истакна дека тоа е една слабост која се повторува и со години дебатираат, но никако да најдат начин како да се стави крај во однос на овие политки каде се злоупотребува европското знаменце.

-Со новиот Деловник кој е во постапка на донесување и кој ќе се применува од наредниот мандат во Собранието, веројатно ќе имаме една пофункционална и подобра ситуација во однос по оваа прашање, истакна Зендели.

фф/са/Фото: Фејсбук на партијата Алтернатива .

Извор: МИА