Книжевна средба по повод 200 години од раѓањето на Шандор Петефи


По повод двестегодишнината од раѓањето на Шандор Петефи, Македонско-унгарското друштво за пријателство, вечер во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ во Скопје организира книжевна средба, на која ќе учествуваат истакнати македонски писатели и научници, како и бројни унгарски следбеници и почитувачи на делото на големиот унгарски поет.


Воведно обраќање ќе има претседателот на друштвото, академик Витомир Митевски, а на средбата ќе учествува и амбасадорот на Унгарија во Македонија, Андраш Клеин.


Стихови од книгата „Лира и меч“, во препев на македонски јазик на Паскал Гилевски, ќе интерпретира Антонио Павловски. дма/са/

Скопје, 11 април 2023 (МИА)