Breaking News

Кинески бродови забележани кај тајванскиот остров по несреќа на кинески бродски екипаж


Владата на Тајван денеска соопшти дека бродови на кинеската надзорна и крајбрежна стража биле забележани во забранетите и ограничените води во близина на островите Кинмен, кои се под контрола на Тајван.


Министерот на Советот за океански работи на Тајван, Куан Би-линг изјави дека кинески брод за набљудување вчера влегол во забранетите води, а четири бродови на кинеската крајбрежна стража влегле во ограничените води.


Кинмен се наоѓа на само неколку километри од југоисточниот кинески град Ксијамен. „Но, тие не останаа долго.

Крајбрежната стража соодветно одговори и го искористи радиото за да побара од кинеските бродови веднаш да заминат“, рече Куан.


Тајванскиот министер за одбрана Чиу Куо-ченг денеска рече дека крајбрежната стража ја следи ситуацијата и дека Министерството за одбрана нема што да каже „се додека не постои закана предизвикана (од ситуацијата) за нашите копнени трупи“.

Смртта на двајца кинески рибари на илегален брод, на кој немало име на 14 февруари во водите кај Кинмен ја зголеми тензијата меѓу Тајван и Кина.


Тајван рече дека кинескиот бродски екипаж се обидел да ја избегне инспекцијата на крајбрежната стража и нивниот брод се превртел за време на понатамошната потера.

Кина тоа го нарече злонамерен инцидент и побара објаснување. Случајот е под истрага. рп/Фото: МИА архива .


Извор: МИА