Breaking News

Кинеската амбасада во Еквадор привремено ги запира конзуларните услуги


Кинеската амбасада во Еквадор соопшти дека кинеските дипломатски претставништва во оваа латиноамериканска земја од денеска привремено ги прекинуваат конзуларните услуги откако еквадорскиот претседател Даниел Нобоа изјави дека неговата земја е во состојба на „внатрешен вооружен конфликт“.


„Продолжувањето со услугите ќе биде објавено во догледно време“, соопшти амбасадата во пораката на шпански јазик објавена на кинеската социјална мрежа WeChat.


Еквадорскиот претседател Нобоа ја даде својата изјава за „внатрешниот вооружен конфликт“ откако избија немири во неколку затвори, новинари беа земени како заложници на телевизија во живо, киднапирани полицајци и опасни криминалци избегаа од затвор.

Шефот на државата им нареди на вооружените сили да ги неутрализираат криминалните банди вклучени во немирите, кои се занимаваат со трговија со дрога.


Кризата без преседан во Еквадор досега однесе животи на најмалку десет луѓе. ссм/фото: ЕПА .

Извор: МИА