Breaking News

Кинеска делегација предводена од Жао ќе ја посети Северна Кореја


– Претседателот на Националниот народен конгрес на Кина и трет човек во владејачката Комунистичка партија, Жао Леџи, ќе ја предводи делегацијата што ќе ја посети Северна Кореја оваа недела, потврдија двете земји.


Кинеската делегација ќе престојува во Северна Кореја од 11 до 13 април, но не се наведени детали.


Во соопштението на кинеското Министерство за надворешни работи се наведува дека тоа е „посета на добра волја“. Посетата ја најави и севернокорејската новинска агенција КЦНА.  ми/фото: ЕПА .

Извор: МИА