Breaking News

Кина и САД ветија дека ќе одржат отворени линии на комуникација


Белата куќа денеска соопшти дека советникот за национална безбедност Џејк Саливан на средба со високиот кинески дипломат Ванг Ји ветил дека линиите на комуникација меѓу двете земји ќе останат отворени.


„Двете страни имаа искрени, суштински и конструктивни дискусии за клучните прашања поврзани со билатералните односи меѓу САД и Кина, глобалните и регионалните безбедносни прашања, војната на Русија против Украина и прашањата поврзани со Тајванскиот теснец“, се вели во соопштението.


Се додава дека состанокот бил „дел од напорите да се одржат отворени линиите на комуникација“. зш/ .

Извор: МИА