Breaking News

Кина ги осуди изјавите на американските, британските и јапонските претставници за изборите во Тајван


Кина денеска ги осуди изјавите на американските, британските и јапонските официјални претставници кои му честитаа на новоизбраниот претседател на Тајван и ги предупреди тие земји дека ја поддржуваат владејачката Демократска прогресивна партија (ДПП).


Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека изјавата на американскиот Стејт департмент за изборите во Тајван сериозно го нарушува принципот една Кина и трите заеднички соопштенија меѓу Кина и САД и испраќа, како што е наведено, „сериозно погрешен сигнал до сепаратистичките сили за независност на Тајван“.


„Кина цврсто се спротивставува на тоа САД да имаат каков било облик на официјална интеракција со Тајван и да се мешаат во тајванските прашања на кој било начин или под кој било изговор“, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на кинеското Министерство за надворешни работи.

Кинеската амбасада во Лондон ја осуди, како што е наведено, „некоректната постапка“ на британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон, кој, откако му честиташе на Лаи Чинг-те и на неговата Демократска прогресивна партија, рече дека изборите во Тајван биле „потврда на силната демократија на Тајван“.


 Кинеската амбасада во Јапонија врачи официјален дипломатски протест откако јапонската министерка за надворешни работи Јоко Камикава му честиташе на Лаи за изборната победа. рп/Фото: МИА архива .

Извор: МИА