Breaking News

Киев тврди дека уништил руски команден центар на Крим


Украинската војска денеска објави дека уништила руски команден центар на аеродромот Саки на полуостровот Крим во ракетен напад во текот на ноќта.


„Аеродром Саки: сите цели се погодени“, изјави началникот на украинските воздухопловни сили, Микола Олешчук, пренесува ДПА.


Тој на Телеграм им се заблагодари на украинските пилоти за „одлично завршената работа“ и објави фотографија на која наводно се гледа нападот врз аеродромот Саки.

Руското Министерство за одбрана, пак, соопшти дека противвоздушната одбрана во текот на ноќта соборила четири украински ракети над Крим.


 Аеродромот Саки беше цел на украински напади и во август минатата година кога беа уништени неколку руски авиони паркирани на отворено. са/Фото: МИА архива   .

Извор: МИА