Breaking News

Киев: Руската воена офанзива ќе пропадне до пролет


– Шефот на украинската воена разузнавачка служба Кирило Буданов изјави дека очекува руската офанзива на источниот фронт да пропадне до почетокот на пролетта.


Москва минатата есен ги засили своите напади на североисточниот дел на линијата на фронтот, сакајќи да ги опколи утврдените градови како што е Авдивка.


Украинската војска соопшти дека спроведува „активна одбрана“. – Руската офанзива сè уште трае.

Некаде на почетокот на пролетта ќе биде целосно исцрпена, рече Буданов, шеф на украинската воена разузнавачка служба ГУР.


Тој додаде дека руските сили имаат само „неколку придобивки на некои полиња“ и во близина на градот Авдивка. – Сега е на ред непријателскиот потег.

Ќе заврши, а мислам дека ќе почне нашиот, нагласи Буданов. јт/Фото: ГУР .


Извор: МИА