Breaking News

Киев: Русија ја нападна Украина со 24 дронови, од кои 17 беа соборени


– Русија во текот на ноќта ја нападна Украина со 24 дронови, главно насочени кон критичните инфраструктурни локации на југот и на истокот на земјата, соопштија украинските воени воздухопловни сили.


Украинските ВВС уништија 17 од иранските дронови Шахед кои Русија ги користеше во нападот над регионите Одеса, Николаев, Кировоград, Хмељницки и Житомир, соопшти украинската армија на Телеграм.


Над реонот на Дњепропетровск е уништен руска наведувана ракета воздух-земја Кх-59. Четири дронови се уништени над регионот Одеса, изјави регионалниот гувернер Олег Кипер.

„Оштетен е логистички и транспортен објект … Бензинска пумпа исто така е оштетена од остатоци од соборен дрон Шахед“, информира Кипер. – Во нападот нема жртви, додаде тој.


Извештаите не можат независно да бидат проверени. јт/  .

Извор: МИА